Дома Фудбал Салах првпат во кариерата проговори за својот однос со Мурињо

Салах првпат во кариерата проговори за својот однос со Мурињо

Мохамед Салах немаше вистинска шанса во Челси, кој тогаш го водеше Жозе Мурињо. Сепак, Египќанецот на таквиот „третман“ од Португалецот гледа без горчина.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во кариерата на Мохамед Салах имаше многу успеси, трофеи и индивидуални признанија, но еден период сè уште предизвикува посебно внимание на јавноста.

Станува збор за неговиот престој во Челси под водство на Жозе Мурињо, кој не го виде она што Салах стана подоцна.

Египетскиот напаѓач денес е синоним за успех и една од најголемите ѕвезди на Ливерпул, но неговиот пат до врвот не беше воопшто лесен.

Тоа особено се почувствува во Лондон каде што никогаш не доби вистинска шанса да го покаже својот целосен потенцијал.

Салах во дресот на Челси одигра само 13 натпревари во Премиер лигата, по што реши да побара нова средина.

И покрај тоа што не успеа да се наметне кај Мурињо, неговиот поглед кон португалскиот стратег денес е се освен негативен.

„Имав разговор со Жозе, тој е прекрасен човек. Го сакам.

Еден од најдобрите тренери што сум ги имал во животот и нашиот однос сега е добар. Не сакам луѓето да мислат дека го мразам“, порача Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Алекс Фергусон му се слоши на “Олд Трафорд”, го однесоа со брза помош

Легендарниот поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, бил пренесен во болн…