
Една голема ера се ближи кон крајот. По 10 години на клупата на Граѓаните, Пеп Гуардиола веројатно ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од оваа сезона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако ништо официјално уште не е потврдено, очекува се дека легендарниот стратег наскоро ќе објави дека заминува од клубот, а веќе се знае и кој ќе го наследи. Главниот кандидат е Енцо Мареска.
„Наводно се очекува Пеп Гуардиола да замине од позицијата менаџер на Манчестер Сити на крајот од сезоната. Енцо Мареска е главниот кандидат за наследник, но ништо уште не е договорено“, јавуваат англиските медиуми и додаваат:
„Сите во клубот очекуваат да се случи. Се преговара за една трибина на Етихад да го носи името на Пеп во негова чест.“
Пеп има договор до јуни 2027 година, но многу се поголеми шансите дека ќе се повлече од позицијата на менаџер на Граѓаните.
„Со Мареска се детално договара што треба да се направи како дел од планираната транзиција. Единственото што може да ги промени работите е одлуката на Пеп Гуардиола да продолжи со работата.“
Енцо Мареска во последните две години работеше како менаџер на Челзи. Беше отпуштен во јануари оваа година, а Сините ги водеше до трофеи во Конференциската лига и на светското клупско првенство.