Дома Останати Ракомет Целје падна по пенал драма, Охрид ќе игра за европска титула!

Целје падна по пенал драма, Охрид ќе игра за европска титула!

Ракометарите на Охрид испишаа историја откако по подобро изведување на пенали (4-3), по нерешени 25-24 во регуларниот дел, го елиминираа Целје и се пласираа во финалето на Европскиот куп на ЕХФ. Тимот предводен од Борис Ројевиќ одигра храбар и пожртвуван натпревар пред преполните трибини во „Билјанини Извори“, каде атмосферата беше на врвно ниво.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Натпреварот започна со проблеми за домашните, кои не реализираа два напади, па гостите преку Макуц и Миличевиќ поведоа со 0-2. Првиот гол за Охрид го постигна Јагуриновски, по што следеше пресврт со погодоци на Јасухира и Тасески за водство од 4-3. Иако голманот Пилиповиќ запиша неколку важни интервенции, нападот на Охрид повторно западна во криза, што го натера Ројевиќ да побара тајм-аут.

По советите од клупата, Лиапис со два брзи гола го врати водството (8-7), а до крајот на полувремето се играше израмнето. Голманите беа во центарот на вниманието, па на пауза се замина со резултат 11-11. Пилиповиќ блескаше со седум одбрани, додека кај Охрид најрасположени беа Лиапис и Стрмљан.

Во второто полувреме, Охрид ја презеде контролата, а Савревски атрактивно реализираше „цепелин“ за 12-11. Домаќините одржуваа минимална предност, предводени од Јасухира и Стрмљан. Следеше период со малку голови и одлични интервенции на двата голмани. Целје накратко поведе, но Охрид брзо возврати, па играта продолжи гол за гол.

Клучна улога имаше Јасухира, кој со серија голови го одржуваше својот тим во водство. Во драматичната завршница, резултатот беше израмнет, но Ѓукиќ постигна важен гол за предност. Охрид имаше шанса да го реши мечот, но со гол во последните секунди Целје обезбеди пенали.

Во пенал-рулетот, Пилиповиќ беше херој со клучна одбрана, додека реализаторите на Охрид беа посигурни. Решавачкиот момент дојде кога Макуц не успеа да погоди, што предизвика огромна радост кај домашната публика.

Најефикасен кај Охрид беше Јасухира со осум гола, додека Стрмљан имаше максимален учинок со седум од седум, во натпревар кој ќе остане запаметен како еден од најголемите успеси во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Борозан ќе игра и во четврти македонски клуб?

Вуко Борозан е на чекор до нова промена на средината и преселба во редовите на Алкалоид, п…