
Фудбалерите на Интер од Торонто синоќа на свој терен убедливо го победија Атлетико од Отава со 4:1 во канадската Премиер лига, а главната приказна е Томаш Скублак поради неверојатната прослава на голот која го обиколи светот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ретко кога натпреварите од највисокото ниво на канадскиот фудбал се во центарот на вниманието на фудбалската јавност, но овојпат сите зборуваат за мечот на Интер и Атлетико.
Интер беше домаќин на екипата од Отава и на крајот славеше со убедливи 4:1 пред своите навивачи.
Сите пет гола ги видовме во второто полувреме, а Интер прашањето за победникот го реши за само 13 минути.
Сепак, главната приказна е двојниот стрелец Скублак чие славење на голот е хит на социјалните мрежи.
Што направи Скублак откако погоди за 1:0 можете да погледнете на ОВОЈ ЛИНК.