
Нико Паз ќе се врати во Реал Мадрид ова лето, но би можел експресно да замине назад во – Италија!
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Доверливи аргентински извори тврдат дека Интер сериозно е заинтересиран за него и дека би сакал да го откупи од Реал Мадрид. Мадриѓаните имаат право да го откупат ова лето за само 9.000.000 евра, што е вистинска ситница ако се има предвид колку денеска вреди Нико Паз.
Се шпекулира дека Интер би можел да плати и над 60.000.000 евра за неговиот трансфер, но во Реал прво сакаат да видат дали се вклопува во системот на новиот тренер.
Не е тајна дека Алваро Арбелоа ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, не ги исполни очекувањата, проблемите внатре во соблекувалната повторно му „пресудија“ на тренерот и затоа е многу важен новиот избор.
Што се однесува до Паз, тој исто така треба да размисли што е најдобро за неговата кариера, бидејќи конкуренцијата во Реал најмалку е пеколна. На позицијата офанзивен везен и/или десно крило каде би можел да игра како Браим Дијаз оваа сезона, веќе се и Џуд Белингем и Арда Гулер, така што никој не може да му гарантира на Паз сигурни минути и важна улога.
Од друга страна, во Интер се подготвуваат на комплетна реконструкција на тимот, и покрај освоениот Скудето. Хенрик Мхитарјан е ветеран и заминува, Хакан Чалханоглу е во зрелите години, Николо Барела значително опадна во форма, така што на Интер му е преку потребна свежа крв во средниот ред.