Дома Фудбал Бернардо Силва е трпелив – чека понуда само од еден клуб!

Бернардо Силва е трпелив – чека понуда само од еден клуб!

Легендарниот Португалец освои се што може да се освои со Манчестер Сити, а на крајот од оваа сезона го напушта клубот. Прашањето што се поставува е дали ќе се врати на Пиринеите.

Неговиот агент, Жорж Мендеш, работи на тоа.

Ниту агентот, ниту фудбалерот не се заинтересирани за понуди од Саудиска Арабија и МЛС лигата, играчот сака да остане да игра најквалитетен фудбал и на највисоко ниво, а негова цел е – Барселона.

Во Италија медиумите зборуваат за понудата на Јувентус, но јасно е дека односите на Барселона и Жорже Мендеш, кој им решил голем број прашања во последната деценија и повеќе, се нераскинливи и доколку Барселона ги отвори вратите за Силва, нема да има никакви проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тод Боели го напушти Челси, Иранец и Порториканец се новите газди

Челси препотврди значајни промени во својата структура на сопственици, со што Тод Боели по…