
Италијанските медиуми пишуваат дека продолжувањето на договорот со Милан за Лука Модриќ е многу реална опција, а клубот е подготвен да ја активира клаузулата која на капитенот на Хрватска би му овозможила уште една сезона во црвено-црниот дрес.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Модриќ се здоби со фрактура на јагодичната коска против Јувентус, со што ја заврши оваа сезона, но во Милан не сакаат таков крај да биде и неговото простување. Сосема спротивно – сакаат повторно да го видат на теренот, и тоа во Лигата на шампионите.
Голема улога во сето тоа има и односот со тренерот Масимилијано Алегри. Модриќ оваа сезона собра речиси 2800 минути, што е неговата најголема минутажа во последниве неколку години, а во соблекувалната има статус на вистински лидер.
Планот е јасен – да се почека Светското првенство и да се види во каква состојба ќе биде, а потоа да се донесе конечна одлука за продолжување на кариерата.
Во овој момент опциите практично се сведени на две: останување во Милан или завршување на кариерата. Враќање во Динамо или одлука за егзотични лиги засега не се во прв план.
Едно е сигурно – Модриќ не сака да ја заврши кариерата поради повреда, туку на теренот, пред полни трибини и – ако е можно – во Лигата на шампионите.