Дома Фудбал Готово: Се поврзуваше и со Динамо, Модриќ донесе конечна одлука!

Готово: Се поврзуваше и со Динамо, Модриќ донесе конечна одлука!

Лука Модриќ ја донесе одлуката за својата иднина. Иако во последните месеци често се споменуваше неговото можно враќање во Динамо, изгледа дека за сега тоа нема да се случи.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Според информации од Италија, капитенот на хрватскиот репрезентација има желба да остане во Милано и да ја продолжи својата кариера во дресот на „росонерите“.

Првата сезона на Модриќ во Милано заврши на најлош можен начин. Во дерби натпреварот со Јувентус заработи двојна скршеница на јагодичната коска по судир со Локалтели.

Беше принуден да го напушти теренот и го следеше натпреварот до крајот со лед на лицето. Повредата значеше и крај на сезоната за хрватскиот играч од средината на теренот.

И покрај тешкиот крај сезоната, Модриќ сака да продолжи во Милано и повторно да игра во Лигата на шампионите во црвено-црниот дрес.

Италијанските медиуми тврдат дека одлуката веќе е донесена и дека Модриќ ќе го продолжи договорот за уште една сезона. Наводно, сѐ било договорено уште минатото лето, вклучувајќи ги и финансиските услови и бонусите.

Дополнително, присуството на тренерот Масимилијано Алегри го додало мотивот за оваа одлука, со кого Модриќ има одлична соработка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енрике размислува за иднината! ПСЖ најде засилување во Реал Мадрид

Додека ПСЖ се подготвува за уште едно лето во кое ќе се обиде понатаму да го зајакне својо…