
Барнли остана без тренер откако беше постигната заедничка согласност за раскин соработката со Скот Паркер, веднаш по потврдувањето на испаѓањето од Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клупската управа веќе започнала потрага по нов стратег на екипата, а Стивен Џерард се смета за главниот кандидат за преземање на тимот.
Според британските медиуми, поранешниот англиски репрезентативец е фаворит за клупата на Барнли на стадионот Турф Мур.
И покрај одличното влијание минатата сезона, Паркер мора да го напушти клубот, откако не ја доби довербата да ја врати екипата во елитното ниво на англискиот фудбал.
Стивен Џерард е без клуб уште од почетокот на 2025 година по разделбата со клубот од Саудиска Арабија. Претходно ги тренираше Њујорк Ренџерс и Астон Вила. Се шпекулира дека е подготвен да се врати на англискиот фудбал и да преземе тим во Чемпионшип.
Освен него, за позицијата тренер конкурираат и Крег Белами, Оле Гунар Солскјер, Лијам Росениор и Томас Франк.