Дома Фудбал Аларм во Мадрид се запали! Мбапе веќе go достигна “црнiot рекорд” од Париз!

Аларм во Мадрид се запали! Мбапе веќе go достигна “црнiot рекорд” од Париз!

Доаѓањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид требаше да го означи почетокот на нова ера на доминација, но наместо приказни за голови и трофеи, сè повеќе внимание привлекува еден неочекуван податок.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Станува збор за податок кој сериозно ги зачуди навивачите на Кралевите, а се однесува на зачестеноста на неговите повреди.

Имено, во текот на седум сезони во Парис Сен-Жермен, францускиот суперстар имаше вкупно 14 повреди, што се сметаше за подносливо со оглед на интензитетот на натпреварите и минутажата што ја имаше како клучен играч на париската екипа.

Сепак, она што предизвикува загриженост е фактот дека за помалку од две сезони во Мадрид веќе забележа дури 13 повреди!

Така, практично се изедначил со целиот период поминат во Париз, и тоа во значително пократок временски рок.

Иако ниту една од тие повреди не беше од посериозна природа ниту го загрози неговата кариера на долг рок, нивната зачестеност отвора прашање дали неговото тело тешко се приспособува на новите барања и темпото кое го носи играње во шпанскиот фудбал и за клуб како Реал.

Зашто во Мадрид, каде што се игра под постојан притисок на резултати, каде што очекувањата се максимални и каде што секој пад на формата предизвикува лавина реакции, секое отсуство, дури и пократко, добива дополнителна тежина.

Затоа се поставува сè почесто прашање, дали станува збор само за низ несреќни околности или сепак постои подлабок проблем кој би можел да влијае на континуитетот на неговите настапи во клучните моменти од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден од најдобрите во светот нема да игра на вториот натпревар Баерн – ПСЖ?!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ПСЖ и Баерн им понудија …