Дома Фудбал Сепак уште ќе го гледаме Салах во дресот на Ливерпул

Сепак уште ќе го гледаме Салах во дресот на Ливерпул

Вест која ги израдува сите навивачи на Ливерпул – Мо Салах сепак не е потешко повреден.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ден по објавата од директорот на фудбалската репрезентација на Египет дека Мохамед Салах претрпел потешка повреда во победата против Кристал Палас (3:1) и дека до крајот на сезоната веќе нема да игра за Ливерпул, пристигна нова многу подобра вест за навивачите на „Црвените“.

Англиски медиуми објавија дека медицинскиот тим на Ливерпул утврдил дека повредата на тетивите сепак не е потешка и „египетскиот крал“ ќе добие можност до крајот на сезоната повторно да го облече црвениот дрес.

Тоа значи дека на достоен начин ќе се прости од клубот чива легенда стана во претходниот период.

Познато е дека на крајот на сезоната му истекува договорот и дека по девет незаборавни години ќе го напушти Енфилд.

Салах дојде во Ливерпул во 2017 година од Рома. Освои сѐ – две титули во Премиер лигата, Лига на шампиони, Светско клупско првенство, УЕФА Суперкуп, ФА Куп, два Лига купа, Комјунити шилд.

Четирипати беше најдобар стрелец на сезоната, трипати најдобар играч на сезоната, а има и една Пушкаш награда за најдобар гол на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Офанзивната моќ на Англија ја совлада Хрватска, Кејн и Белингам ги инспирираа „трите лава“

Англија ја победи Хрватска со 4:2 во првото големо европско дерби на Светското првенство 2…