Дома Фудбал Ѓокереш се смирил со девојката која минатото лето ја остави поради бизарна причина

Ѓокереш се смирил со девојката која минатото лето ја остави поради бизарна причина

Ѕвездата на Арсенал, Виктор Ѓокереш ја обнови врската со својата девојка Инес Агвиар, откако ја раскинаа минатото лето во периодот на неговиот престижен трансфер.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Според информациите од португалските медиуми, Ѓокереш тогаш одлучи да стави крај на односот за да се фокусира максимално на својата кариера, отфрлајќи какви било дополнителни обврски, додека го финализираше преминот од Спортинг во Арсенал, во трансфер кој вредеше околу 65 милиони евра.

Разделбата се случи во време кога преговорите беа усложнети, а Спортинг му се закани со дисциплински мерки затоа што напаѓачот не се појави на подготовките, обидувајќи се да го забрза трансферот.

Сепак, емоциите изгледа завладеаја. Ѓокереш и Агвиар неодамна биле забележани во ресторан во Лисабон, што го потврди сомнежот дека се повторно заедно. Од друга страна, актерката разбуди дополнителен интерес кога сподели снимка од трибините за време на натпреварот на АФ Купот меѓу Арсенал и Менсфилд.

Иако Ѓокереш целиот натпревар го помина на клупата, Агвиар го следеше натпреварот, што многумина го сфатија како знак дека повторно се блиски.

Двојката беше заедно две години, уште од времето кога шведскиот напаѓач настапуваше за Спортинг. Помеѓу другото, Агвиар наводно размислува да се пресели во Лондон и бара живеалиште таму.

Ѓокереш има солидна сезона зад себе, со постигнати 18 голови на 48 настапи во сите натпреварувања, од кои 12 во Премиер лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал на подолга пауза од првичното мислење!

Ламин Јамал ја повреди задната ложа за време на натпреварот со Селта и со тоа ја заврши се…