
Третото последователно неучествување на Италија на Светското првенство не е само удар врз угледот и моралот на италијанскиот фудбал, туку и огромен економски удар. Анализата што ја пренесува италијанскиот печат покажува дека неуспехот во квалификациите ќе има конкретни последици врз економијата и општествената благосостојба, а вкупната штета се проценува на дури 1,5 милијарди евра. Оваа бројка опфаќа сè, од директни финансиски загуби до долгорочни општествени последици, пишува „Калчомеркато“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Овој неуспех доаѓа во исклучително чувствителен момент за италијанскиот фудбал. Сè уште се свежи сеќавањата на солзите на „Аѕурите“ по поразот од Босна на пенали, како и разочарувањето на генерации млади навивачи кои никогаш не ја виделе својата репрезентација на светската сцена.
Покрај тоа, италијанскиот фудбал го потресуваат и политички конфликти на врвот на Фудбалската федерација на Италија, а неодамна е покрената и истрага против судијата Џанлука Роки поради сомневање за учество во спортска измама.