
Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Баерн со 5:4 во првиот натпревар од полуфиналето на Лига на шампиони, во меч кој со златни букви ќе остане запишан во историјата на парискиот клуб, но исто така како најцрната точка во кариерата на легендарниот Мануел Нојер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако натпреварот сам по себе беше спектакуларен, со девет постигнати гола, фокусот на светската јавност по мечот беше насочен и кон неверојатната и поразувачка статистика на капитенот на Баварците.
Мануел Ноер стана првиот голман во последните 16 сезони на Лига на шампиони кој на еден натпревар од нокаут фазата прими пет или повеќе голови, а при тоа нема направено ниту една единствена одбрана!
Секој удар што фудбалерите на ПСЖ го упатија кон рамката на голот на Баерн заврши зад грбот на германскиот голман. Ваква статистика не се памети во елитното натпреварување уште од сезоната 2008/09, а особено е поразувачка за човекот кој со години е синоним за непробивност на гол-линијата.