Дома Фудбал ВИДЕО Дали Баерн беше оштетен против ПСЖ? Се огласи легендарниот судија

ВИДЕО Дали Баерн беше оштетен против ПСЖ? Се огласи легендарниот судија

Фудбалската легенда Алан Ширер жестоко реагираше на контроверзната одлука да се додели пенал за Париз Сен Жермен на полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Баерн (5:4). Во судиското продолжение на првото полувреме, при резултат 2:2, судијата по интервенција на ВАР и преглед на снимката одлучи да покаже на белата точка поради играње со рака на Алфонсо Дејвис, што предизвика гнев кај поранешниот англиски напаѓач.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Непосредно пред заминувањето во соблекувалните, топката го погоди Алфонсо Дејвис во рака по центаршутот на Усман Дембеле. ВАР го повика судијата да ја погледне ситуацијата на монитор, по што тој ја промени првичната одлука и додели пенал за ПСЖ, овозможувајќи им на полувреме да заминат со предност.

Легендарниот судија Марк Клатенбург, кој во елитниот ранг на англискиот фудбал судел 291 натпревар од 2004 до 2017 година, се обиде да објасни зошто судијата донел таква одлука, иако на крајот не се согласил со неа.

“Последните сезони во Лигата на шампионите видовме дека прагот за доделување пенал поради играње со рака е навистина висок. Неговата рака навистина се оддалечува од телото. Одбранбениот играч ги става рацете зад грб, а потоа таа лева рака малку ја поместува од телото, и тоа е многу, многу субјективно”, објаснува Клатенбург, кој во својата кариера судел финалиња на Лигата на шампионите и Европското првенство.

“УЕФА-ини судии во минатото досудувале многу пенали за вакви ситуации, но мислам дека раката е доволно блиску до телото за да не се досуди казнен удар. Затоа, го поканија од ВАР собата да ја прегледа снимката. Мислам дека одлуката е престрога, особено затоа што топката всушност се одбила од неговата нога на раката. Сметам дека тоа не требаше да биде пенал”, заклучи тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва не се виде во ТВ преносот: Погледнете како собирачот на топки го провоцираше Ноер (Видео)

Го одолговлекуваше времето, но не успеа да ја изнервира легендата на Баерн. Улични кучиња:…