Дома Останати Кошарка Дивац не можеше повеќе да молчи: Еве зошто не го избрав Дончиќ

Дивац не можеше повеќе да молчи: Еве зошто не го избрав Дончиќ

Со години американските и европските медиуми зборуваат за катастрофалниот потег на Владе Дивац.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дивац кога беше генерален менаџер на Сакраменто – ја испушти можноста да го драфтува Лука Дончиќ. 

Сега Дивац реши да зборува и зошто. Тој призна дека Дончиќ бил високо на нивната листа на желби, но на крајот донел различна одлука.

„Дури отидов во Мадрид да разговарам со Лука годината пред драфтот. Беше на врвот на нашата листа. Но, очигледно, изгледа дека направив грешка”, рече Дивац во подкастот кај Бајрон Скот.

Во меѓувреме, Дончиќ се разви во еден од најдобрите играчи на НБА лигата, што дополнително ја става оваа одлука под лупа.

Клучен фактор беше и тогашниот лидер на тимот.

„Сметав дека, ако го доведам Лука, ќе морам да го трејдувам Диерон Фокс. Веќе имав однос со него и верував дека е идеален за нас како мал тим. Лука е повеќе играч за голем пазар”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хаос во Њујорк по освоената титула – навивачите го демолираа градот (Видео)

Титулата по 54 години предизвика огромна еуфорија меѓу навивачите на Њујорк Никс, но славј…