
Вистински раздор наводно се случува во Реал Мадрид. Соблекувалната му го заврте грбот на Килијан Мбапе и го избра Винисиус Жуниор за лидер на тимот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Килијан Мбапе во летото 2024 година дојде во Реал Мадрид како големо засилување. Очекувањата беа големи од Французинот, но по две години клубот остана без трофеи.
Мбапе се обиде да ја преземе соблекувалната и да стане главна ѕвезда. Сепак, соиграчите му го завртеа грбот оваа година и го избраа Винисиус Жуниор за лидер.
„Соблекувалната на Реал го избра Винисиус пред Килијан Мбапе”, наведува „Ле Журнал ду Реал“и продолжува:
„Арбелоа без Мбапе успеа да добие неколку важни натпревари. Винисиус беше лидер, соиграчите го видоа тоа и го прифатија. Килијан Мбапе е осамотен и тоа јасно се гледа на теренот.”
Не е крај на маките за француската ѕвезда. Тој нема добри односи со неколку соиграчи.
„Килијан Мбапе е убеден дека некои соиграчи ја упропастиле сезоната. Јуде Белингам му се спротивстави, стави под прашалник некои настапи на Мбапе и тоа не помина добро”, се наведува.