Дома Фудбал Се подготвува промена која може да биде клучна на Мундијалот

Се подготвува промена која може да биде клучна на Мундијалот

Светската фудбалска федерација ќе воведе, како што стојат работите, ново правило кое се однесува на казни за играчите со парен број жолти картони во групната фаза.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Предлогот да се избришат жолтите картони добиени во групната фаза за нокаут фазата на светското првенство ќе биде на дневен ред на претстојниот состанок на ФИФА во Ванкувер и најверојатно ќе биде прифатен.

Доколку биде прифатен, ќе претставува значително олеснување за репрезентациите, за играчите и селекторите, кои оттаму помалку ќе се грижат за можните двократни јавни предупредувања.

На тој начин, играчите ќе бидат во помал ризик да ги пропуштат најважните делови од натпреварувањето, што е, разбирливо, во интерес на сите учесници на Мундијалот.

На претходните светски првенства, да се потсетиме, жолтите картони се бришеле дури после четвртфиналето, односно играч кој добил два жолти картона во пет натпревари пред четвртфиналето би бил суспендиран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тешка задача за домаќинот: Кој е противникот на САД во осминафиналето на Светското првенство?

Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави постигна забележителен успех …