Дома Фудбал Судија на УЕФА приведен поради сомнеж за сексуален напад врз тинејџер

Судија на УЕФА приведен поради сомнеж за сексуален напад врз тинејџер

Судија на УЕФА се соочува со сериозни обвинувања за сексуален напад врз младо момче, јавуваат медиумите. Официјалното лице е обвинето за несакани допири и обид за намамување на детето во својата хотелска соба пред европска натпреварувачка средба во Обединетото Кралство, каде што беше допатувал како делегат, пишува Daily Mail.

По наводниот инцидент, судијата одржа , а веднаш по враќањето беше уапсен пред останатите членови на УЕФА. Случајот е пријавен во полиција додека судијата беше отсутен поради натпреварот. Извор за The Sun открил детали за наводниот инцидент.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


“Тој наводно започнал разговор со момчето во јавниот дел на хотелот. Се обвинува дека го допирал против неговата волја и се обидел да го намами во неговата соба. Ако ова е точно, станува збор за шокантен и сосема непримерен чин”, изјави изворот.

Европската фудбалска федерација потврдува дека ги истражува сериозните обвинувања. “Со голема загриженост ја следиме ситуацијата. Во меѓувреме, наведениот судија нема да биде назначен за натпревари во УЕФА натпреварувањата”, изјавија од УЕФА.

Според најновите информации, овој судија беше и кандидат за судење на Светското првенство кое годинава се одржува во САД, Канада и Мексико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Раздор во Реал: Мбапе сам против сите, еден човек го уништува во Мадрид

Вистински раздор наводно се случува во Реал Мадрид. Соблекувалната му го заврте грбот на К…