Дома Фудбал Шок за Шкендија: Башкими во Тетово му направи голема услуга на Вардар! (Видео)

Шок за Шкендија: Башкими во Тетово му направи голема услуга на Вардар! (Видео)

Фудбалерите на актуелниот шампион Шкендија приредија непријатно изненадување за своите навивачи, откако на домашен терен беа поразени со 2-3 од Башкими во рамките на 29. коло од Прва македонска фудбалска лига.

Тетовци одлично го отворија натпреварот и поведоа уште во 5. минута преку Тамба, но радоста траеше кратко, гостите возвратија веќе во 9. минута со голот на Аворнио за 1-1.

Следуваше комплетен пресврт во корист на Башкими, откако Никел со ефектен погодок донесе водство од 1-2 во 35. минута, а само три минути подоцна истиот играч повторно се запиша во листата на стрелци за 1-3, при што остана дилемата дали ситуацијата претходно била офсајд.

Во второто полувреме, Бесарт Ибраими намали на 2-3 во 65. минута и внесе надеж кај домашните, но до крајот Шкендија не успеа да избегне пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ивковиќ погоди, но Македонија остана без бодови против Грузија

Македонските фудбалерки до 17 години загубија со 3:1 на отворањето на квалификацискиот тур…