Дома Фудбал Се намалува изборот за нов тренер: Челси доби две „корпи“

Се намалува изборот за нов тренер: Челси доби две „корпи“

Челси повторно се наоѓа во турбулентен период, откако клубот се раздели со тренерот Лиам Росениор. Неговото заминување отвори нов бран шпекулации околу тоа кој би можел да седне на „жешката“ клупа на лондонскиот гигант.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако беа поврзувани повеќе познати имиња, двајца поранешни играчи на клубот јасно ставија до знаење дека немаат намера да го напуштат својот актуелен ангажман.

Еден од нив е Сеск Фабрегас, кој блеска како тренер во Комо и со тимот се бори за висок пласман во Серија А, па дури и излез во Лигата на шампиони.

Вториот е Френк Лампард, кој исто така е во добра форма како тренер на Ковентри Сити, каде што постигнува одлични резултати и се наоѓа во битка за враќање во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…