Дома Фудбал Проблеми во Реал Мадрид: Мбапе се скара со соиграч поради една причина

Проблеми во Реал Мадрид: Мбапе се скара со соиграч поради една причина

Атмосферата во соблекувалната на Реал Мадрид, според пишувањето на шпанските медиуми, е далеку од идеална, а во центарот на вниманието се најде Килијан Мбапе. Францускиот напаѓач наводно изразил големо незадоволство од сегашната состојба во екипата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Извори блиски до клубот тврдат дека Мбапе е фрустриран од резултатите и односите внатре во тимот, особено по серија на неубедливи настапи во клучните натпревари оваа сезона.

Наводно во приватни разговори со одредени соиграчи отворено зборувал за проблемите кои, според неговото мислење, ја задржуваат екипата да го реализира целиот свој потенцијал.

Мбапе смета дека одредени играчи не ги исполниле очекувањата и дека со нивните настапи директно влијаеле на слабите резултати на тимот во текот на сезоната.

Посебно се издвојува ситуацијата со Џуд Белингем, еден од клучните играчи на мадридскиот клуб.

Според достапните информации, помеѓу Мбапе и Белингем дошло до несогласувања поради различни погледи на играта и одговорноста за лошите резултати.

Белингем, како што се наведува, е еден од ретките кои отворено укажал на слабите партии на Мбапе, што дополнително ги продлабочило тензиите помеѓу двата фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција продолжи со одличната игра на Светското првенство во Северна Америка. „Петлите“ ј…