
Шпанските правосудни органи заклучија дека нема елементи за кривична одговорност во сообраќајната несреќа во која загинаа фудбалерот Диого Жота и неговиот помлад брат Андре Силва. Со овој заклучок, по долг период на неизвесност, е ставена точка на истрагата на еден од најтрагичните настани во поновата историја на фудбалот.
Несреќата се случи на 3 јули 2025 година на автопатот A-52 во близина на цернадилја на северот од Шпанија, кога нивниот Ламборгини излетал од патот при претекнување, удрил во заштитната ограда и се запалил. Според истрагата на Високиот суд на правдата Кастиља и Леон, причина за несреќата било пукање на гумата во критичниот момент, што довело до губење на контрола над возилото.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
По детална анализа на сите докази и со помош на сообраќајни експерти, судот заклучи дека нема основа за покренување на кривичен процес. Сепак, на семејството му е оставена можност за покренување на граѓанска парница.
Последното патување
Браќата при несреќата патуваа кон Сантандер, од каде планираа со траект да продолжат патот кон Обединетото Кралство, каде Жота требаше да ги започне подготовките со Ливерпул за новата сезона. Диого го управувал автомобилот бидејќи по операцијата на плуќата му било препорачано да избегнува летови.
Само 11 дена пред несреќата, во Порто се оженил со својата долгогодишна партнерка Руи Кардозо, што само ја прави трагедијата уште потрагична.