Дома Фудбал Кој е прв кандидат за тренер на Реал? Ова е листата на Перез!

Кој е прв кандидат за тренер на Реал? Ова е листата на Перез!

Големо е прашањето кое се поставува пред Флорентино Перез. Што се однесува до играчите, тука работите се јасни, Реал Мадрид ќе цели кон големи имиња и ќе троши огромни суми пари, најверојатно ќе донесе играч за средина, евентуално и крила, веќе ви спомнавме дека Олесе е голема желба. 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Но, уште поважно прашање е – Кој ќе биде тренерот?

Медиумите пишуваа дека Арбелoa нема големи шанси да остане во клубот бидејќи голем број од летните засилувања биле на клупата, што на Перез никако не му се допадна, а досега се спомнуваше и името на Себастијан Хенес.

Секако, тој не е единствениот поврзан со Реал, а денес „АС“ излезе со листа на тренери за кои Перес ќе се обиде да ги донесе во Мадрид. 

Неверојатно звучи, но на листата е Жозе Мурињо. Хорхе Мендеш неодамна бил виден во Мадрид, и добро е познато дека Мурињо во договорот има откупна клаузула, како и дека никогаш не рекол дека нема да се врати на клупата на славниот клуб. 

Но, тој е само една од опциите, се спомнуваат Маурисио Почетино, Дидие Дешан, Макс Алегри, но и Јирген Клоп и Јулијан Нагелсман. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција продолжи со одличната игра на Светското првенство во Северна Америка. „Петлите“ ј…