
Левски од Софија има нов сопственик и следуваат големи инвестиции во бугарскиот фудбал, конкретно во овој клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Атанас Бостанџијев е човекот кој го презеде кормилото на бугарскиот клуб и очекувањата се дека токму овој клуб ќе ја прекине доминацијата на Лудогорец во оваа држава.
Досегашниот сопственик, Наско Сираков, денес објави дека го пренесува мнозинскиот удел на споменатиот бизнисмен Бостанџијев, кој го подготвува клубот за големи потфати.
Стадионот „Георги Аспарухов” прво ќе биде реконструиран, а цената ќе изнесува околу 130 милиони евра, како што најави тој.
Левски е на прагот на титулата оваа сезона, има 10 бода повеќе од Лудогорец во овој момент.