Дома Фудбал Ужасна вест: Поранешен репрезентативец на Нигерија почина на тренинг!

Ужасна вест: Поранешен репрезентативец на Нигерија почина на тренинг!

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Нигерија, Мајкл Енарамо (40), ја загуби битката за својот ужиот утрово кога му се слоши среде тренинг.

Како што известуваат медиумите од Нигерија, Енарамо колабирал и починал во текот на тренингот, а обидите за негово реанимирање завршиле неуспешно, се наведува во SCORENigeria.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Овој напаѓач кој имаше 40 години, одигра 10 натпревари за репрезентацијата на Нигерија и постигна три гола.

Пред да отпатува во странство, Енарамо настапуваше за Лоби Старс во нигериската Премиер лига. По тоа, се пресели во Тунис, каде што потпиша за славниот клуб Есперанс. Понатаму, играше во УСМ Алжир, за Ал Шабаб од Саудиска Арабија и најмногу од својата кариера помина во Турција.

Во Турција, настапуваше за Сивасспор, Бешикташ, Карабукспор, Башакшехир и Манисаспор од 2010 до 2017 година.

Исто така, играше и за Ал Етифак во Саудиска Арабија, а кариерата ја заврши во тимот Турк Очаги Лимасол од турскиот дел на Кипар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Топчиите ја губат титулата, а поради изјавата на Салиба ниту еден соиграч нема да заспие

Одбранбениот играч на Арсенал, Вилијам Салиба, одлучи јавно да прозбори за ситуацијата во …