Дома Фудбал Исповед на жртва во скандалот кој ја тресе Италија, фудбалери некогаш се криеле и на покрив!

Исповед на жртва во скандалот кој ја тресе Италија, фудбалери некогаш се криеле и на покрив!

Од кога на почетокот на неделата се појави информацијата за разбивањето на ланецот на проституција кој користел компанија за организација на настани како покритие, италијанските медиуми не престануваат да донесуваат нови детали за богатата клиентела и жртвите. Се споменува дека меѓу клиентите биле и бројни фудбалери од Серија А, како и лица од светот на Формула 1.

Во емисијата Ore 14, една жена, чиј идентитет е заштитен, откри потресни детали за организацијата. Таа сподели дека сето тоа започнало во 2019 година, кога изнајмила стан во сопственост на Алесиа Саломоне, една од уапсените во истрагата. Таа објаснува дека во станот живееле осум или девет девојки.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Девојката наведува дека во 2020 година, додека важеле строгите мерки за справување со пандемијата, фитнес салонот веднаш до станот бил претворен во нелегален ноќен клуб. “На тие забави почнале да доаѓаат фудбалери. Некои се однесуваа мирно, ама други се однесуваа недолично. Штом би сфатиле дека не сакаш да имаш секс со нив, почнуваа да те тераат да се чувствуваш лошо. Еден од нив ми рече: Што сакаш да правиш, ку*во? Во јавна куќа си, исто како и сите останати”, изјави таа, додавајќи дека се работело за играчи на Интер и Милан.

Таа исто така раскажа како, за време на полициските рации, фудбалерите бегале и се криеле на таванот. Според неа, забавите често ги посетувале и инфлуенсери, а повеќето девојки кои биле искористувани биле странки, сами и без финансиска поддршка, а многу од нив имале и семејни проблеми.

“Сопствениците на становите се однесуваа како да сме нивна сопственост, не контролираа и набљудуваа преку камери. На своите мобилни телефони имале некаква форма на каталог, и го покажувале на гостите во клубот, прашувајќи ги: ‘Која ја сакате вечерва?'”, раскажа таа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тонали сака да се врати во Милан

Не само во Англија, туку и во Италија интензивно се зборува за иднината на играчот од сред…