Дома Фудбал Човек на Трамп лобира Италија да игра на Светското првенство

Човек на Трамп лобира Италија да игра на Светското првенство

Соработникот на Доналд Трамп побара од ФИФА да на претстојното Светско првенство Иран да биде заменет со Италија, извести во средата „Financial Times“. Планот наводно е обид за подобрување на односите помеѓу Трамп и италијанската премиерка Џорџија Мелони, пишува The Guardian.

Како што наведува медиумот, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, до нарушување на односите помеѓу американскиот претседател и италијанската премиерка дошло по нападите на Трамп врз папата Лав XIV. поради војната во Иран.

Американскиот специјален пратеник Паоло Замполи ја потврди иницијативата за медиумот. „Потврдувам дека му предложив и на Трамп и на претседателот на ФИФА Џани Инфантино Италија да го замени Иран на Светското првенство. Јас сум Италијанец и ми е сон да ги видам Аѕурите на турнирот што ќе се одржи во САД. Со четири освоени титули, тие имаат педигре што го оправдува нивното вклучување“, изјави тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар веќе не е за сериозен фудбал – уште една тешка повреда!

Нејмар минува низ тешки моменти. По елиминацијата со репрезентацијата на Бразил веќе во ос…