Ова сценарио станува се повеќе реално.
Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ е се поблиску до заминување од „Енфилд“, а како најреална дестинација во овој момент се споменува „Сан Сиро“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан не блеска како што се очекуваше пред сезоната кога во клубот пристигнаа големи засилувања, поради тоа сега се шпекулира за нови засилувања.
Стариџ е првата желба, изгледа како и логично решение за двете страни, бидејќи Англичанецот сака да се наметне и да се избори за повик во репрезентацијата за Светското првенство.
Роберто Фирмино се врати во форма, постигнува голови и со тоа го испрати Стариџ на клупата, додека во Милан би можел да го добие статусот на прв напаѓач бидејќи Андре Силва и Калиниќ не покажаа баш многу.
Наводно, Клоп веќе му порачал на Стариџ како стојат работите и Германецот е свесен дека тешко ќе го задржи напаѓачот, па поради тоа промена на средината изгледа како реална опција.
Позајмица од шест месеци можеби изгледа како најдобро решение и за двете страни. Милан не би требало да вложи премногу, а Стариџ би добил шест месеци време да се наметне кај Клоп.