Дома Фудбал По над 200 настапи и 16 години, уште еден фудбалер заминува од Ливерпул!?

По над 200 настапи и 16 години, уште еден фудбалер заминува од Ливерпул!?

Фудбалерот за врска на Ливерпул, Куртис Џонс сака да ги напушти „црвените“ по цели 16 години.

Тој е многу фрустриран поради фактот дека оваа сезона падна во втор план и верува дека заслужува поважна улога, па затоа разгледува опции во Премиер лигата.

Наводно, најголем интерес за него покажа Астон Вила, но се споменува дека и Тотенхем ќе се обиде да го потпише ако обезбеди опстанок во елитата.

Џонс влегува во последната година од договорот летоска, затоа Ливерпул ќе мора да го продаде, за да заработи барем нешто од неговото заминување.

Оваа сезона одигра 44 натпревари, но претежно од клупата, на теренот мина нешто повеќе од 2.400 минути и смета дека во одредени моменти од сезоната требаше да биде редовен стартер.

Тој има 25 години и верува дека е вистинскиот момент да оди во клуб каде што ќе биде главна ѕвезда, или барем редовен стартер.

Џонс за Ливерпул одигра 223 натпревари, постигна 21 гол и запиша 24 асистенции.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селекторот на Швајцарија го објави списокот за гостувањето во Скопје

Селекторот на швајцарската фудбалска репрезентација, Мурат Јакин, го објави списокот на иг…