
Поранешниот претседател на Фудбалска федерација на Македонија, Муамед Сејдини, е приведен во акција на Министерство за внатрешни работи на Македонија, спроведена во соработка со Јавно обвинителство на Македонија.
Според првичните информации, Сејдини се сомничи за проневера на околу 700.000 евра, средства кои УЕФА ги доделила на македонската фудбалска федерација за изградба на трибина во Охрид. Сомнежите, како што се наведува, се појавиле по смената на раководството во ФФМ, по што случајот бил пријавен до надлежните институции.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Неофицијално, по преземањето на функцијата од страна на новото раководство биле направени интерни проверки кои укажале на можни неправилности во работењето на федерацијата.
Поранешниот прв човек на македонскиот фудбал веќе се соочува и со одвоена дисциплинска мерка, откако пред неколку недели беше суспендиран на две години поради наводна „измама и доведување во заблуда на Управниот одбор“.