Дома Фудбал На клупата на Охрид денеска седеше голман од 64 години!

На клупата на Охрид денеска седеше голман од 64 години!

На натпреварот меѓу Охрид и Силекс (1-1) во рамките на Купот на Македонија, вниманието на јавноста го привлече необична ситуација – на клупата на домашниот тим се најде 64-годишниот Благојче Буџакоски, кој беше пријавен како резервен голман.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој детал очигледно предизвикал забуна и кај администраторите на популарната апликација за следење резултати „Флешскор“, каде што на неговиот профил стои дека има само 33 години – речиси двојно помалку од вистинската возраст. Дополнително, иако во официјалниот состав е наведен како голман, при отворање на неговиот профил може да се забележи дека е означен и како играч од средниот ред, што претставува уште една неточност.

Според податоците достапни на „Трансфермаркт“, Буџакоски не е ново име во ваква улога, со оглед на тоа што бил дел од клупата на Охрид и во минатогодишните куп-натпревари против Брера и Шкупи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси ќе се натпреварува со Манчестер Сити за потпис на напаѓач кој постигна 31 гол

Челси во потрага по млад напаѓачки талент изгледа дека нашол нов интересен кандидат, при ш…