Дома Фудбал Баерн останува без уште една легенда: Робен најави пензија!

Баерн останува без уште една легенда: Робен најави пензија!

Арјен Робен со години е еден од најдобрите фудбалери на светот, во богатата кариера освои се што можеше да се освои, а сега откри дека сериозно размислува за пензионирање.

Договорот на Робен со Баерн му завршува на крајот на сезоната, а Холанѓанецот откри дека сериозно размислува да стави крај на кариерата.

„Иднината е отворена. Можеби ќе се пензионирам, а можеби ќе пристигне некој нова понуда. Постои можност да играм во Баерн и следната сезона“, откри Робен.

„Сакам да се забавувам и да играм што е можно подолго на највисоко ниво, а до кога ќе трае тоа, навистина не знам. Свесен сум за се што ми пружи овој клуб и секогаш ќе го ценам тоа. До крајот на сезоната се може да се случи, сите опции се отворени“, додаде Робен.

Наводно, за пензионирање размислува уште една клупска легенда, Франк Рибери кој цели 11 години е член на Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаштаров без страв пред Шкотска, Македонија бара излез од серијата порази

Младиот репрезентативец го дочекува гостувањето во Глазгов без притисок. Македонија вечерв…