Дома Фудбал Навивачите на Реал покажаа што мислат за ѕвездите – ниту победата не помага!

Навивачите на Реал покажаа што мислат за ѕвездите – ниту победата не помага!

По испаѓањето од Лигата на шампионите, навивачите на Реал Мадрид ги пречекаа играчите со свирежи. Особено цел на критики беа Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор.

Но, токму овие двајца фудбалери му донесоа победа на Кралскиот клуб на овој натпревар. Постигнаа по еден гол.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Реал започна офанзивно од првата минута, а во 30. минута стигна до предност. Килијан Мбапе со помош на играч од Алавес постигна гол за 1:0.

На паузата се замина со минимално водство на Реал од 1:0, за веднаш по пет минути игра во вториот дел Реал да постигне втор гол. Винисиус Жуниор постигна одличен гол за 2:0.

А потоа во завршницата на натпреварот следи офанзива на Алавес. Гостите ги притиснаа Кралскиот клуб и промашија неколку навистина неверојатни шанси.

Уште еднаш ја погодија рамката на голот, Лунин неколкупати спасуваше, сѐ до 93. минута кога Мартинез погоди за конечни 2:1.

Алавес целосно ги надмина Кралските играчи во последните околу 15 минути. Не е никакво чудо што навивачите на Реал ги испратија своите миленици со големи свирежи. Големо е незадоволството во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се откриваат имиња во скандалот кој ја тресе Италија: Вмешан и Влаховиќ!?

Ве информиравме за италијанскиот скандал во кој се вмешани фудбалери, каде што медиумот &#…