Дома Фудбал Бомба! Арапите планираат да го задржат Роналдо, дури и да му дозволат на неговиот син да игра во првиот тим

Бомба! Арапите планираат да го задржат Роналдо, дури и да му дозволат на неговиот син да игра во првиот тим

Не е тајна дека Кристијано Роналдо сака да игра заедно со својот син Кристијано Џуниор, а Ал Наср брзо работи да ја исполни оваа желба.

Според арапското издание Ал Виам, клубот од Саудиска Арабија размислува да го вклучи синот на португалската ѕвезда во првиот тим за наредната сезона!

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Конечната одлука за промоција на младиот фудбалер ќе биде донесена дури на крајот од актуелната сезона.

Стручниот штаб на Ал Наср ќе спроведе детална анализа на развојот на играчот за да види колку може технички да придонесе за екипата во моментов.

Можното промовирање на младиот Роналдо се совпаѓа со плановите на клубското раководство во однос на неговиот татко.

Португалската ѕвезда има договор на уште една сезона, а клубот сака да го мотивира да остане за да продолжи со своите извонредни настапи на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Што му требаше ова на Мбапе: Французот повторно се обидува да биде поголем од Реал (Видео)

Килијан Мбапе направи потег каков што се нема видено на натпревар против Алавес. Последнит…