
Фудбалерот на данскиот Мидтјиланд Аламара Џаби преживеа тежок напад во кој беше избоден со нож, по што итно беше опериран.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Спортската јавност во Данска, но и цела Европа, е шокирана од вестите дека 19-годишниот играч од средина на теренот бил цел на напад.
Како што соопшти клубот од Хернинг, Џаби бил двапати опериран, бил во индуцирана кома од која е пробуден и моментално неговата состојба е стабилна.
„Аламара Џаби е тешко повреден при напад со нож и сега се наоѓа во стабилна состојба по двете операции. Тој се разбуди од индуцираната кома и се чувствува добро во однос на околностите. ФК Мидтјиланд е во тесен дијалог и соработка со надлежните органи и обезбедува целосна поддршка за него и неговото семејство”, се наведува во соопштението од данскиот клуб.
Мотивите и деталите за нападот сè уште не се познати, а полицијата веднаш започна истрага, по која ќе бидат познати повеќе детали.