Дома Фудбал Луда завршница во Премиер лигата: Кој со кого игра и што ако екипите имаат ист број на бодови!

Луда завршница во Премиер лигата: Кој со кого игра и што ако екипите имаат ист број на бодови!

Фудбалската публика сега сведочи на една од најинтересните завршници во историјата на Премиер лигата, откако Манчестер Сити вчера го совлада Арсенал со резултат 2:1. Екипата на Пеп Гвардиола заостанува само три бода зад Топџиите, со тоа што има уште една заостаната натпревар за играње.

Ако Граѓаните триумфираат во заостанатиот натпревар против Кристал Палас, ќе се изедначат со Арсенал по бројот на бодови, што значи дека гол-разликата би можела да го одреди шампионот на Англија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Слична ситуација имаше во 2012 година кога Кун Агуеро со легендарниот гол против КПР му донесе на Сити првиот шампионски трофеј по 44 години чекање.

Ако Манчестер Сити и Арсенал завршат изедначени и според бодовите и по гол-разликата (во моментов Арсенал +37, Сити +36), следниот критериум за подобра позиција на табелата се постигнатите голови.

Имајќи предвид дека во оваа статистичка категорија тимовите се скоро изедначени (65:63 во корист на Сити), пресудни би можеле да бидат освоените бодови на меѓусебните натпревари, каде Сити има предност.

До крајот на сезоната има уште вкупно 15 бодови за освоjување (Сити со заостанатиот натпревар има можност за 18), но впечатокот е дека Граѓаните се во подобра позиција, особено со оглед на тоа што Арсенал се бори за освојување на местото во Лига на шампиони.

Арсенал до крајот на сезоната во Премиер лигата:

Њукасл (К)

Фулам (К)

Вест Хем (Г)

Бурнли (К)

Кристал Палас (Г)

Манчестер Сити до крајот на сезоната во Премиер лигата:

Бурнли (Г)

Евертон (Г)

Брентфорд (К)

Борнмут (Г)

Астон Вила (К)

заостанатиот натпревар со Кристал Палас (термин не е познат за сега)

Standings provided by Sofascore
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ден по поразот на „Етихад“, јасна е судбината на Артета во Арсенал!

Фудбалерите на Арсенал синоќа беа поразени со 2:1 на Етихад од Манчестер Сити и сега се по…