
Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити, го изрази своето задоволство од настапот на неговите играчи против Арсенал во победата од 2:1, но сепак ги гледа Топчиевите како фаворити за титулата во Премиер лигата.
Сити сега заостанува три бода зад Арсенал, со еден одигран натпревар повеќе. Арсенал го води првенството во Англија со 70 бода од 33 натпревари и ги импресионираше Пеп со својата игра на “Етихад”.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Среќен сум што нашата надеж може да продолжи. Можеби ќе трае до крајот, ние ќе се обидеме. Некои луѓе ми говореа дека моралот на Арсенал е низок, но тоа што денеска го видов не беше низок морал. Тие се во полуфиналето на Лигата на шампионите, каде што не изгубиле ниту еден натпревар. Динамиката може да се промени во момент. Секако дека сакаме да победиме, бидејќи многу се боревме денес.
Некои играчи кои немале многу настапи во Премиер лигата го чувствуваа притисокот, понекогаш не беше на максимално ниво. Ова е добра реклама за Премиер лигата. Тие не дозволуваат да играте своја игра, толку се агресивни, добри во дуели, еден од најдобрите тимови што сум ги сретнал во кариерата кога станува збор за дуели, ситуации еден на еден, долги топки, изјави Гвардиола.
Прославениот тренер ја пофали екипата на Арсенал и некои од нивните поединци.
Рајс е фантастичен во “втори топки”. Не ни дозволија да ја играме нашата игра. Имавме и ние моменти на контрола, ги имаа и тие. Имавме и ние шанси, ги имаа и тие. На крајот, сè се сведува на ситни детали.
Два тима со врвни менаџери. И играчи на највисоко ниво од двете страни. Но сега се игра на секој трети ден, што е многу барано. Меѓутоа, реалноста е само една: тие се први во лигата. Предноста по гол разлика. Треба да уживаме во победата, да го прославиме успехот и да извлечеме добрите работи. Но, да не го изгубиме фокусот. За три дена не очекува натпревар во Барнли.