
Фудбалерите на Баерн Минхен денеска попладне имаат можност да го освојат 35-тиот трофеј шампион на Германија и за тоа им е потребно барем нерешено во дербито против Штутгарт, но идиличниот крај на викендот го расипа веста за повредата на бутина на Серж Гнабри поради кој, како што стојат работите, ја заврши сезоната.
Сѐ се случи во саботата попладне на тренингот пред натпреварот против Штутгарт, а првите проценки што ги даде клубот недолго потоа не беа воопшто оптимистички и предвидуваат пауза од три месеци.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Очигледно тоа значи дека фудбалерот, кој ја завршува осмата сезона во Баерн, ќе го пропушти и претстојното Светско првенство во фудбал, што ќе биде второ кое го пропушта поради повреда.
Претходно тоа беше случај со Мундијалот во Русија, каде поради проблеми со препоните пропушти да биде дел од селекцијата која во оваа земја пристигна како актуелен светски шампион.