Дома Фудбал Симеоне ги означи виновниците за болниот пораз во финалето во Купот

Симеоне ги означи виновниците за болниот пораз во финалето во Купот

Атлетико доживеа навистина болен удар, само четири дена по пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите против Барселона.

Од декември Дијего Симеоне ги насочи сите сили кон Лигата на шампионите и Купот на кралот. Беше сериозен фаворит да го освои пехарот во домашниот куп за првпат по 2013 година, но не успеа. Сега му останува да ја разбуди екипата која силно го сакаше трофејот и да ја подготви за двомечот со Арсенал.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сметам дека се натпреварувавме многу добро и го дадовме апсолутно сè што имавме, но за жал, овојпат пеналите отидоа на нивната страна. Им честитам и немам многу повеќе да додадам“, рече после поразот кој го поднесе тешко.

Тој истакна дека овој пораз го боли повеќе од било какви наредни предизвици.

„Искрено, не размислувам за Арсенал. Денешниот резултат многу боли. Моравме да победиме, а не успеавме. Знаеме дека го дадовме сè од себе, што ми дава одреден мир, но во овој клуб победите се неопходни“, порачал Симеоне и за крај додал.

„Нема многу што да се каже освен да бидеме со играчите. Тие знаат дека вложија огромен напор. Играа многу добро второто полувреме и продолженијата, но натпреварот требаше да биде решен во 90 минути, преку шансите на Серлот и Баена. За жал, двете можности беа промашени за малку. Беа многу добри, но како што често велиме, тој финиш што прави разлика овој пат беше на нивната страна, а не на нашата”, завршил Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неуспех на Барселона во ЛШ повеќе не е опција: Флик добива неколку фудбалери од светска класа

Барселона одлучи дека веќе не сака неуспех во Лига на шампиони откако испадна во четвртфин…