
Барселона одлучи дека веќе не сака неуспех во Лига на шампиони откако испадна во четвртфиналето на ова натпреварување. Еве кој е планот за летото 2026 година.
По уште едно разочарување на европската сцена, во ФК Барселона е донесена јасна одлука, тимот мора дополнително да биде засилен за да може да парира на најголемите клубови во Лига на шампиони.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Тренерот Ханси Флик и спортскиот сектор се согласни во едно: потребни се најмалку две до три квалитетни засилувања кои ќе направат разлика во клучните натпревари на сезоната.
Тоа што посебно паѓа во очи е дека се јасно дефинирани позициите кои бараат “реконструкција”. Пред сè се мисли на нападот.
Првата желба на каталонскиот клуб е Хулијан Алварез, но тој трансфер е извонредно комплициран и финансиски. Поради тоа се разгледуваат алтернативи како Виктор Осимен, Душан Влаховиќ или дури опции со понизок буџет како Александер Серлот.
Втората клучна позиција е левото крило. Таму ситуацијата не е решена, особено бидејќи станува се помалку веројатно дека Барселона ќе го откупи Маркус Рашфорд.
Kаталонците веќе активно бараат алтернативи, а меѓу имињата кои се спомнуваат се Андреас Шелдеруп, Виктор Муњоз и Јан Виргили, додека постои и опција за враќање на Абде Езалзули.
Tретата зона која Флик сака да ја засили е одбраната. Барселона оваа сезона имаше проблеми во дефанзива, особено во Лига на шампиони, што јасно покажа дека е потребен врвен стопер.
Главна цел е Алесандро Бастони, кој веќе изрази желба да го носи дресот на Барселона и спремен е да го поткрепи трансферот.