Дома Фудбал Фудбалерките примија седум гола во вториот натпревар од Унгарија

Фудбалерките примија седум гола во вториот натпревар од Унгарија

Женската фудбалска репрезентација забележа уште еден убедлив пораз во соочувањето со Унгарија. Овој пат на гостувањето во Фелчут, Унгарките славеа со 7:0.

Серијата голови ја отвори Софија Мајер во 21. минута. На десет минути пред крајот на првото полувреме Мила Панева ја погоди сопствената мрежа за предност на противничките од 2:0.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


За жал во продолжението од натпреварот Унгарките доминираа на теренот и во второто полувреме пет ја затресоа нашата мрежа.

По две минути игра во вториот дел, Емеке Папаи зголеми на 3:0, а во 51. Мајер повторно се запиша во листата на стрелците и Унгарија поведе со 4:0.

Во 63. домашната селекција не успеа да реализира удар од 11 метри и тоа преку Жанет Кајан. Сепак пет минути подоцна Кајан беше попрецизна и на Унгарија и носи предност од 5:0.

Во финишот од натпреварот Унгарките постигнаа уште два гола. Во 85-тата, Ванеса Наѓи зголеми на 6:0, а конечните 7:0 ги постави Чила Савања која во третата минута од судиското надополнување реализираше удар од белата точка.

Во вториот натпревар од нашата група, Азербејџан ја совлада Андора со 2:0 и се зацврсти на втората позиција на табелата.

Во пресрет на последните две кола, Унгарија води со 10 бода, еден повеќе од Азербејџан. Трета е Македонија со три бода додека последна е Андора со еден.

Во претпоследното коло на петти јуни, Македонија и гостува на Андора, а четири дена подоцна во Битола ја пречекуваме селекцијата на Азербејџан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Само еден стадион е подготвен: Италија во трка со времето за организација на Европското првенство

Директорот на УЕФА за Европското првенство 2032 година Микеле Ува, е убеден дека Италија н…