Дома Фудбал Чекаа 9.099 дена и ја дочекаа Премиер Лига! Лудото славје на Френк Лампард и неговите играчи започна!

Чекаа 9.099 дена и ја дочекаа Премиер Лига! Лудото славје на Френк Лампард и неговите играчи започна!

Фудбалерите на Ковентри во петокот вечерта постигнаа реми на гостувањето кај Блекбурн 1:1 во натпревар од 43-то коло на Чемпионшипот, но тоа беше доволно да осигураат враќање во Премиер лигата после долги 25 години.

Легендарниот фудбалер на Челси, а сега тренер на Ковентри, донесе огромна радост кај навивачите на клубот кој последен пат беше во врвот на англискиот фудбал во сезоната 2000/01, кога испаднаа во Чемпионшипот. Сепак, после цели 25 години, заедно со промените кои ги донесе времето, Ковентри повторно ќе биде дел од Премиер лигата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Изгледаше дека журката на Ковентри би можела да се одложи откако Рјоја Моришита му донесе предност на Блекбурн во второто полувреме. Меѓутоа, дефанзивецот на гостите Боби Томас не дозволи разочарување и го спречи одложувањето на неизбежното. Со неговиот гол во 84. минута почна големата прослава во централниот дел на Англија.

Ковентри е првиот тим што си обезбеди место во елитата, но борбата за другите две позиции ќе биде напрегната. Ипсвич е блиску до директна промоција со два бодови повеќе и натпревар помалку во однос на нивниот прв следбеник Милвол.

Другите екипи кои се во игра за плеј-оф или се блиску до него се Саутемптон, Мидлсбро, Хал, Рексам и Дерби Каунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Преговорите започнале: Робертсон може да се врати онаму каде што ја почна кариерата!

Енди Робертсон се наоѓа на прагот на значајно враќање во клубот каде што ја започна својат…