Дома Фудбал Пеп Гвардиола: Ако ја освоиме титулата ова сезона, тоа нема да биде најголемото наше достигнување

Пеп Гвардиола: Ако ја освоиме титулата ова сезона, тоа нема да биде најголемото наше достигнување

Менаџерот на Манчестер Сити, Жосеп Гвардиола, не смета дека евентуалниот триумф во Премиер лигата оваа сезона ќе се вброи меѓу неговите најголеми достигнувања. “Граѓаните” долго време заостануваа зад Арсенал, но сега се само на шест поени зад нив и имаат натпревар помалку. Во недела, Сити го пречекува лидерот на “Етихад”, а со победа, проследена со триумф против Барнли во вторник, разликата може да биде сосема неутрализирана. Според Гвардиола, пораз од Арсенал би значел крај на надежите на Сити, но со секој друг резултат шансите остануваат.

Запрашан дали триумф во лигата оваа сезона може да се вброи меѓу неговите најголеми достигнувања со Манчестер Сити, Пеп одговори:

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


“Не. Најголемото веќе беше постигнато. За многу нови играчи е добро да бидат во оваа позиција, да стекнуваат искуство за иднината и наредните сезони. Добро е да сме во борбата по толку многу години и толку освоени титули, но тоа не е нашето најголемо достигнување.

Да, овој натпревар е финале. Ако загубиме, сè завршува. Но, со другите два можни исхода, имајќи предвид дека Арсенал не победи против Борнемут, ќе има уште многу за што да се игра. Шест натпревари се многу, а нашиот распоред е ужасен”.

На прашањето дали има чувство дека неговиот тим е на нивото да ја освои титулата, Пеп одговори: “Треба да се подобриме уште повеќе. Првото полувреме против Челзи не беше лошо, но не беше ни извонредно. Првите 30 минути против Ливерпул исто така не беа добри. Првите 30 минути против Арсенал во финалето на “Карабао Купот” тие беа подобри. Но тоа е нормално. Не можеш да очекуваш во вакви видови натпревари, како против Арсенал, Челзи и Ливерпул, да бидеш перфектен 95-96 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каиседо потпиша договор со Челси до 2033-та и изјави: Сакам да станам легенда

Челси официјално објави дека Мојсес Каиседо потпишал нов долгорочен договор со клубот. Дог…