
Денес имаме солидна понуда, а ние избравме неколку натпревари и ќе ви ги претставиме во форма на тикет на денот. Ова е нашиот предлог.
Лидс – Волвс – 1 @ 1.60 во Betet77
Лидс со победата над Манчестер Јунајтед во последното коло ги максимизираше шансите за опстанок. Тие сега се на сигурно и имаат 6 бода предност во однос на опасната зона, па веруваме дека нема да ги прокоцкаат. Вулверхемптон пак математички се уште има шанси за опстанок, но тоа само теоретски бидејќи во пракса опстанокот за нив делува како невозможна мисија. Имено, овој тим е на последната позиција на табелата, а досега имаат освоено само скромни 17 бода. Ние овде очекуваме домаќините да победат и типуваме 1 со квота 1.60 во Betet77.
Лил – Ница – ГГ @ 1.91 во 22Bet
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Лил бележи солидни резултати, па оправдано е на горниот дел на табелата со реални шанси за пласман во Лигата на шампиони, а всушност тоа за нив ќе значи и исполнување на примарната цел оваа сезона. Ница од друга страна, не ги исполни очекувањата на фановите и наместо за Европа тие во моментов се борат за опстанок и се наоѓаат на 15-та позиција со 4 бода предност во однос на најзагрозените екипи. Ние овде очекуваме ефикасен натпревар и типуваме ГГ со квота 1.91 во 22Bet.
Рома – Аталанта – 3+ @ 2.00 во BetLabel
Вечерниот термин од италијанската Серија А е резервиран за дуелот помеѓу Рома и Аталанта кој ќе се изигра на олимпискиот стадион во Рим. Домаќините во последните пет натпревари запишаа две победи и три порази, па искрено и не се во некоја фантастична форма, додека гостите се за нијанса подобри во тој дел. Тимот од Бергамо „брка“ пласман во Европа, но има и сериозна конкуренција, па тешко дека ќе успее во тој дел, но сепак рано е да им пресудме. Овде очекуваме голови и типуваме 3+ со квота 2.00 во BetLabel.
Хофенхајм – Дортмунд – ГГ @ 1.44 во 22Bet
Хофенхајм важеше за едно од најпријатните изненадувања во германската Бундеслига, но за жал влегоа во криза во многу лош период. Тие на последните четири натпревари немаат победа, а запишаа две реми и два порази, поточно собраа само два бода. Дортмунд не може повеќе да се надева на титула со оглед на тоа дека Баварците имаат голема предност и таа предност не може лесно да се надомести. Како и да е, овде очекуваме голови на двете страни и типуваме ГГ со квота 1.44 во 22Bet.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО 22Bet: 8.80
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk