
Поранешниот играч за врска на Арсенал, Жоржињо, отворено зборуваше за причините за неговото заминување од клубот, признавајќи дека последните месеци на „Емирати“ се борел со недостаток на страст кон фудбалот. Италијанскиот репрезентативец имаше споредна улога под тренерот Микел Артета, а ограничената минутажа и строгите тактички барања доведоа до тоа да не се чувствува важен дел од тимот.
Жоржињо, кој минатото лето како слободен играч потпиша за Фламенго, откри дека го напушти Арсенал поради потребата повторно да ја најде среќата на теренот. Искусниот играч за врска, кој пристигна во клубот од Челси во 2023 година, сè почесто беше користен како играч од клупата, што со тек на време влијаеше на неговиот пристап кон играта. Во дресот на Арсенал одигра 79 натпревари, но само 27 пати беше во стартниот состав.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Сакам да се чувствувам жив и важен за тимот”, објасни Жоржињо во интервју за The Times. „Кога играчот не игра, тешко е да се задржи мотивацијата. Се почувствував дека морам да најдам место каде што повторно ќе играм со страст.”