Фудбалерите на Црвена Звезда уште еднаш успеаа да ја сочуваат својата мрежа во Лига Европа, поточно не примија погодок ниту на едно гостување.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
По победата во Келн и ремито со Арсенал, црвено-белите вечерва без голови одиграа и со Бате Борисов.
Звезда во досегашниот дел во Лига Европа прими само два погодоци од Бате Борисов и Арсенал на свој терен и тоа го прави овој тим втор најдобар во Европа.
Откако вечерва погодоци примија Лидогорец и Копенхаген, Звезда заедно со Шериф Тираспол остана единствена со само два примени погодоци.
Помалку од нив прими само Салзбург, кој само еднаш ја извади топката од својата мрежа.