Дома Фудбал Рафиња го изненади фудбалскиот свет по елиминацијата на Барселона: Ова беше срамна кражба (Видео)

Рафиња го изненади фудбалскиот свет по елиминацијата на Барселона: Ова беше срамна кражба (Видео)

Барселона синоќа се прости од Лигата на шампионите затоа што во четвртфиналниот двомеч беше поразена од Атлетико Мадрид, а во каталонскиот клуб не можат да се помират со одредени судиски одлуки, па фудбалскиот свет зборува за тоа што по реваншот изјави Рафиња.

Атлетико Мадрид во првиот натпревар кој се играше на стадионот Камп Ноу славеше со 2:0, а веќе тогаш во Барселона беа жестоко незадоволни од судењето.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Синоќа Барселона во реваншот во Мадрид победи со 2:1, но тоа не беше доволно за Каталонците да го надоместат заостатокот од првиот меч и го завршија својот пат во Лигата на шампионите за оваа сезона.

По натпреварот во каталонскиот тим повторно беа изразито незадоволни од одредени судиски одлуки, и сметаат дека и Турпен ги оштетил во синоќешниот меч против Атлетико Мадрид.

Во центарот на вниманието се најде Рафиња, кој поради повреда го пропушти овој двомеч, но беше со тимот во Мадрид за да им даде поддршка.

Бразилецот по натпреварот застана пред камерите и изнесе тешки обвинувања на сметка на судиите.

„За мене ова беше срамна кражба. Би сакал да знам со што точно судиите се раководат при определување на критериумите за натпреварите на Барселона, бидејќи очигледно не се водат со постојните правила кои треба да бидат еднакви за сите”, рече Рафиња и додаде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Немало спас: Објавен страшен детал по големата незгода во која загина Алекс Манингер (Фото)

Поранешниот австриски голман Алекс Манингер загина вчера во страотна сообраќајна несреќа ш…