Дома Фудбал Англија Венгер го најави своето заминување и го именуваше својот наследник на клупата на Арсенал!

Венгер го најави своето заминување и го именуваше својот наследник на клупата на Арсенал!

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер го одбра човекот кој ќе го замени на оваа позиција.

Францускиот стратег на клупата на „Топчиите“ е повеќе од две децении. Во клубот пристигна во 1996., а иако тимот веќе 15 години е без титула, раководството на лондонскиот клуб одлучи да му понуди договор до 2019. година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој во тој период ќе помогне во пронаоѓањето на соодветна замена, а како што се наведува францускиот стратег веќе одлучил кој тренер го посакува во Арсенал.

Се работи за некогашниот холандски фудбалер и актуелен тренер на Фејнорд, Џовани Ван Бронхост.

Овој 42-годишен стратег играше две години за „Топчиите“. Како тренер работи одлично и изминатата сезона по 18 години ја донесе титулата за тимот од Ротердам.

Како што се наведува, Венгер на раководството на клубот му соопштил дека овој стратег е идеална негова замена на клупата и нема да биде чудно ако Холанѓанинот веќе следната сезона седне на клупата на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…