Дома Фудбал Изненадување во Реал: На списокот за ЛШ нема играч кој го критикуваше Арбелоа

Изненадување во Реал: На списокот за ЛШ нема играч кој го критикуваше Арбелоа

Реал Мадрид го објави списокот на играчи за возвратниот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Баерн, кој ќе се игра во среда во 21 часот на Алијанц Арената. Баерн во првиот натпревар славеше со 2:1. Најголемото изненадување е изоставувањето на дефанзивецот Раул Асенсио (23). Иако Асенсио минатиот петок одигра сите 90 минути против Џирона, не се најде на списокот за патување во Минхен. Од клубот неофицијално порачаа дека причината е гастроентеритис, но нема официјално медицинско соопштение, пишува Марка.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Името на Асенсио беше изоставено од списокот шест дена откако истиот портал откри дека дојде до несогласувања помеѓу него и тренерот Алваро Арбелоа. Арбелоа го исклучи откако Асенсио ја критикуваше одлуката на тренерот да го стави на клупата во првиот натпревар против Манчестер Сити, одигран на 11 март во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Натпреварот со премиерлигашот го започна на клупата откако пет дена претходно играше во победата против Селта Виго од 2:1, иако имаше болки во вратот. Арбелоа бараше извинување од Асенсио пред да го врати во тимот. Долго му требаше да го стори тоа, по што беше вратен во тимот за натпреварите против Мајорка и Баерн, но во ниту еден не настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Разоткривање: се подготвува трансфер на Осимен уште сега

Се чини дека Виктор Осимен се обидува да го напушти Галатасарај поради друг клуб. Ова го о…